На два пати силувано 14-годишно девојче од Кочани

 

Четиринаесетгодишно девојче од Кочани во два наврати било илувано до нејзин сограѓанин.

Како што пријавила нејзината мајка, С.М. (31) од Кочани, девојчето во саботата, во два наврати, од страна на И.М. од Кочани било силувано, анад неа биле извршени и други полови дејствија.

Имено, И.М најпрво со своето возило го однел девојчето на местото викано Гумата, во близина на село Грдовци, каде го извадил од возилото и со употреба на сила го разголил и го допирал со рацете по телото.

Подоцна со возилото ја одвел на периферијата од градот, каде што во возилото, на сличен начин, повторно извршил силување. Малолетничката, во двата случаи, пружала отпор и се обидувала да го оттргне, истовремено викајќи за помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.