Изгоре „сеат“ во Скопје

Во саботата вечерта, од засега непознати причини, во пожар е оштетен автомобил паркиран пред станбена зграда, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 22 часот, на улицата „Васил Ѓоргов“, кога од засега непознати причини било опожарено возилото „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред зграда, но од МВР не се наведува чија е

го откриваа. Многу брзо на местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита и го изгаснала пожарот. Во пожарот делумно бил опожарен предниот дел на автомобилот.

За настанот бил известен Јавен обвинител, кој не излегол на местото на настанот, а увидот го извршила увидна екипа. По наредба на Јавен обвинител, возилото е пренесено за вештачење во МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.