Го прободеле поради недоразбирање во сообраќајот

Дваесет и шест годишно момче е прободено во стомакот откако избила расправија меѓу него и двајца други учесници во сообраќај.

Имено, во саботата, во 1.35 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ две непознати лица, кои биле со автомобил „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на Т.У. (26) од Скопје.

Тој бил пренесен и задржан во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Причина за нападот била расправија во сообраќајот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.