Претпладнево полицијата ја обезбедуваше зградата на Музејот на албанската азбука во Битола, врз кој бил фрлен Молотов коктел, при што дел од стаклата на прозорите на музејот и на влезната врата се искршени, а пред влезот се видливи траги од Молотовиот коктел.
Од СВР Битола најавиле дека повеќе детали за настанот ќе соопшти Министерството за внатрешни работи во Скопје. Не е првпат овој музеј во Битола да биде цел на демолирање.
Од Музејот велат дека рано утрово околу 4 часот, четворица маскирани лица фрлиле Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола.