Двегодишно девојче од тетовско Јажинце настрада во несреќен случај во среда напладне, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Девојчето нешто пред 13 часот си играло околу чешмата во дворот каде што живеело, по што се лизнало од мразот и паднало на главата, по што уследило обилно крварење.
Најблиските веднаш со возило се упатиле кон болницата во Тетово, но девојчето уште по пат починало.
Настанот е регистриран како несреќен случај.