Дошол од Австралија во Битола, пиел цела вечер кај пријател, па починал

Маж од Австралија, откако со пријатели се дружеле и пиеле цела вечер, утрото не се разбудил.

Како што соопшти полицијата, во понеделникот, утрото од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Битола на улицата  „Свети Наум“, во станот сопственост на Н.Г. (48), починал З.М.(45) од Австралија.

Имено, во неделата околу 16 часот, сега починатиот заедно со лицето Ж.Г.(64) од Битола пристигнале во станот на Н.Г., каде бил и М.Х. (58) од Битола. Тие седнале и пиеле, по што Ж.Г. си заминал, а по него заминал и сега починатиот. По околу час и половина, З.М. се вратил во станот, каде продолжиле да пијат сé до околу 2 часот во понеделникот.

Околу 2.30 часот З.М. повторно го напуштил станот и се вратил околу 4 часот и легнал да спие. Во 7 часот, Н.Г. заедно со М.Х. се обиделе да го разбудат З.М. но не успеале.

Повикале итна медицинска помош, која констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.