Млада девојка е физички нападната ноќта кон неделата во скопската населба Пржино, од засега непознат крадец, чиј плен се само 70 денари и лични документи.
Како што соопшти СВР Скопје, инцидентот се случил во неделата околу 2,30 часот на улицата „Кавалска“, кога засега непознат разбојник на 20-годишната Е.О од Скопје, ѝ пришол од зад грб и со бокс ја удрил во тилот.
Кога девојката паднала од ударот на земја, насилникот ѝ ја земал чантата во којашто имало паричник со лични документи и 70 денари, а потоа избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.