Во неделата вечерта, десетина лица ја искршиле кабината и рамата на наплатната станица, за патарина на влез во Тетово.
Имено, во неделата, во 20.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната рампа за патарина на влез во Тетово, при обид за наплата на патарина на автобус со скопски регистарски ознаки, од автобусот излегле околу 10 непознати лица кои физички го нападнале вработениот Р.И. (53) од Тетово, ја откорнале металната прачка и со неа ја искршиле кабината по што заминале.
На Р.И. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, по што бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.