Предвремените парламентарни избори кои на 11-ти декември се одржаа во Македонија поминаа во согласност со меѓународните стандарди, и покрај тоа за време на гласањето можеа да се забележат одредени нерегуларности, вели извештајот на данскиот невладин Институт за дијалог и демократија (СИЛБА).
Направен врз основа на 67 гласачки места во пет општини ширум Скопје, извештајот наведува дека изолираните инциденти се однесуваат на пренесувањето на гласачките кутии, како и недостатокот од можности за гласање за хендикепираните лица и лицата со посебни потреби, наведувајќи дека ова било проблем во близу половина (48 проценти) од набљудуваните гласачки места.
Набљудувачите на СИЛБА исто така забележале инциденти на групно и прокси гласање, како и проблематики околу поставеноста на гласачките пултови, со што била нарушена тајноста на гласањето.
Во извештајот на оваа данска невладина организација исто така се наведува дека одредени партиски набљудувачи учествувале во броењето на гласовите, што може да го наруши кредбилитетот на пребројувањето на гласовите. Од СИЛБА додаваат дека не забежале системско нарушување на процедурата за гласање туку дека повеќето проблеми биле процедурални грешки при затворањето на изборните места.