Бразилскиот Сенат го одобри контроверзниот амандман на Уставот за ограничување на јавната потрошувачка во следните 20 години.
Давањето зелено светло на мерките за штедење е значајна победа на претседателот Мишел Темер. Тој ја презеде функцијата претходно оваа година со ветување дека ќе ја извлече земјата од најголемата рецесија во последните децении.
Протеститe против оваа мерка се претвориja во насилство во главниот град Бразилија и во десетина региони во земјата.
Опозицијата тврди дека мерките главно ќе погодат области како што се здравството и образованието, кои веќе не се финансираат.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците за време на седницата на Сенатот за да протестираат против планот за штедење, пренесува BBC. По гласањето, многу од демонстрациите се претворија во насилство.
Во Бразилија, маскирани демонстранти запалија автобус и маршираа кон локалните канцеларии на Глобо ТВ, за кој се вели дека е пристрасен кон владата на Темер. Но, демонстрантите беа блокирани од полицијата.
Во Сао Паоло, беше нападнато седиштето на конзервативната индустриска федерација на државата (Fiesp).
За да се усвои уставен амандман, на владата ѝ се потребни гласовите на 49 сенатори – три петтини од Сенатот.