Рускиот претседател Владимир Путин патува во четврток во Јапонија за да пружи нов поттик на билатералната економска соработка, иако ниту Москва, ниту Токио, немаат илузии околу решавањето на несогласувањата во врска со Курилските острови.
Триесеттина договори меѓу руски и јапонски компании би требало да бидат потпишани во рамки на дводневната посета, во подрачјата на енергетиката, индустријата, земјоделството и високата технологија.
Станува збор за прва посета на руски претседател на Јапонија по 11 години, со оглед дека овие односи се нарушени заради несогласувањата во врска со четири острова на Курилскиот архипелаг.