Сопруг одзел службен пиштол од сопругата

Вработена во полицијата, пријавила дека нејзиниот сопруг со кого се во бракоразводна постапка го одзел нејзиниот службен пиштол.

Имено, како што спопштија од полицијата, во неделата, во 13.14 часот во ЕИК Скопје, В.Т. од Ново Село, скопско, вработена во МВР на Македонија, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.Ј., со кого е во бракоразводна постапка, од сефот од куќата, односно од спалната соба и го одзел службениот пиштол „ЦЗ“ калибар 7,65мм.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.