Бројот загинати во двојниот терористички напад во турската метропола Истанбул во саботата ноќта се искачи 44 луѓе пренесува телевизијата Haberturk, а откако курдската милитантна група ја презема одговорноста за експлозиите турските власти уапсија околу 240 луѓе, од кои повеќето се членови на прокурдската Народната демократска партија (HDP), за наводна поврзаност со радикалите од Курдските соколи на слободата (ТАК).
Според податоците од понеделникот, неколку тешко повредени починале во болниците. Претходно беа потврдени 39 жртви. Во болниците уште се згрижени повеќе од 150 луѓе, од кои неколку се во критична состојба.
Големиот терористички напад се случи во европскиот дел на Истанбул во саботата 10-ти декември ноќта. Наспроти стадионот „Водафон арена“ каде игра фудбалскиот клуб Бешикташ експлодираа две бомби. Една била автомобил бомба која експлодирала кога минувал автобус со припадници на специјалната полиција, а втората експлозивна направа ја активирал бомбаш самоубиец во паркот близу стадионот. Триесет од загинатите се полицајци, а другите се цивили.
Одговорноста за терористичкиот напад ја презема групата Курдски соколи на слободата (ТАК), која турските власти ја сметаат за ултрарадикално крило на забранетата Работничка партија а Курдистан (PKK). Турските власти соопштија дека „собраните докази со голема веројатност укажуваат на вмешаност на PKK“ во експлозиите.
Министерството за внатрешни работи на Турција во понеделникот соопшти дека приведувањата на осомничени биле спроведени во 11 покраина, и потврдува дека се 235 лица се уапсени под обвинение за „ширење на пропаганда на терористичка организација“ преку социјалните мрежи и дејствување во името на забранетата PKK.
Меѓу уапсените речиси 120 луѓе се претставници на партијата HDP, втората по големи опозициска партија во турскиот парламент.
Истовремено во понеделникот турски борбени авиони извршија воздушни напади во планинските области на северен Ирак, каде што се базите на PKK.