Бензините поскапуваат за 2,5, дизелот за 3 денари, објави во понеделник Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 5.95%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2,5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 64,50, односно 66,50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 51,50 денари.