Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денес ја започнува дводневната посета на Србија, а во Белград ќе има средби со највисоките функционери и ќе учествува на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC).
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе го пречека неговиот руски колега на аеродромот „Никола Тесла“, а потоа гостинот ќе има одвоени средби со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.
Вучиќ во неделата изјави дека со рускиот министер за надворешни работи ќе разговараат за политички теми, економска, воена, военоекономска соработка и воено образование.