Курдската милитантна група ТАК ја презема одговорноста за нападот во Истанбул

Курдската милитантна група Курдски соколи на слободата (ТАК) во неделата ја презема одговорноста за двојниот бомбашки напад од саботата вечерта во центарот на Истанбул во кој загинаа 38 луѓе, а уште 166 се ранети.

Групата, која турските власти ја сметаат за блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) на својата интернет страница објави соопштение во кое се вели дека „одмазничкиот одред на ТАК ги изведе истовремено нападите кај стадионот ‘Водафон арена’ во Истанбул и во паркот Мачка околу 22,30 часот по локално време“, пренесува AFP.

Кај стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ експлодирала автомобил бомба, а во близината во паркот се разнел бомбаш самоубиец. Експлозиите одекнале во интервал помалку од една минута.

Загинале најмалку 30 полицајци, седум цивили и едно неидентификувано лице, а најмалку 166 се ранети.

Турските владини функционери претходно ја обвинија PKK за тој напад. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во неделата дека Турција до крај ќе се бори тероризмот.

„Мојата нација и народот нека бидат уверени: ќе е бориме до крајот против проклетството на тероризмот. Нема да дозволиме овој напад нема да мине неказнето. Скапо ќе платат“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.