Кери го доби орденот на француската Легија на честа

Американскиот државен секретар Џон Кери е одликуван со францускиот орден на Легијата на честа, а неговиот француски колега Жан-Марк Ејро кој му го додели орденот, го нарече „најголемиот Французин меѓу американските функционери“.

На свеченоста во Париз во саботата, Ејро, исто така, рече дека американскиот дипломат е „неуморен заговорник на мирот“.

„Вие го зборувате францускиот јазик и сте љубител на Франција, и сигурно најголемиот Французин меѓу американските функционери“, рече шефот на француската дипломатија.

Мајката и тетката на Џон Кери се родени во Франција во раните 1920-ти години, а самиот Кери како момче ги минувал празниците во семејната куќа во Бретања.

Примајќи го престижното високо одликување, Кери на француски рекол „Да живеат француските компирчиња. Да живее Франција. Да живеат Соединетите држави“.