Најмалку 20 лица се повредени во експлозија на бомба, која одекнала во близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ, во турката метропола Истанбул.
Телевизијата „Раша Тудеј“ јави дека полициски и екипи на итната медицинска помош се наоѓаат на местото на експолизјата, но и дека по експлозијата се слушнале пукотници.
Министерот за внатрешни работи на Турција соопштил дека биле повредени 20 полицајци
Турската телевизија НТВ објави дека се работи за автомобил-бомба и дека мета бил автобус со припадници на полицијата. Инаку експлозијата се случила два часа по завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу Бешикташ и Бурса (2:1).