Во два одделни случаи во петокот во Скопје биле ограбени ограбени обложувалници од ланецот „Спорт Лајф“. Најпрво, во ЕИК-Скопје било пријавено дека околу 18 часот на улица „ Благоја Стефковски“во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработената го одзело дневниот промет.
Во вториот случај пак, околку 20.30 часот во Скопје на улица „Тале Христов“, во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознато лице со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума на пари. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата случаи.