Источните членки на Европската унија и натаму не се согласуваат со државите на првата линија на мигрантската криза Италија и Грција околу поделбата на товарот од оваа криза, истакнаа во петокот функционери.
Неконтролираното доаѓање на околу 1,4 милиони луѓе од Блискиот исток и Африка во последните две години ги поттикна судирите на државите членки во Европската унија. Несогласувањата траат околу тоа како членките кои се оддалечени од мигрантските рути би требало да им помогнат на оние кои се против на удар на имигрантскиот бран, како Италија, Грција и Малта.
„Многу е важно да постои заеднички договор, но сега уште го немаме. Мораме повеќе да работиме со своите колеги од Полска и од Унгарија, од една, и со Грција и Италија од друга страна“, изјави словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калник, пренесува Reuters.
Комесарот на Европската комисија за миграции, Димитрис Аврамопулос смета дека е клучно членките да ги надминат своите разлики, како и да се договорат околу заеднички правила за системот на азил, за а бидат подготвени на можни идни приливи од имигрантите.
Речиси сите 350.000 мигранти кои оваа година пристигнале на европскиот брег го сториле тоа преку Грција и Италија,кои станаа главен влез во Европа. Европската гранична агенција Фронтекс во петокот објави дека во ноември во Италија стасале 13.470 луѓе, што е повеќе од четири пати отколку во истиот период минатата 2015 година.
Германија, Шведска и Австрија, најбогатите земји и најпосакуваните дестинации на имигрантите, исто така, сакаат носење на постојан, поправичен систем на распределба на азилантите.
Меѓутоа, Полска и Унгарија одбиваат да примат баратели на азил, тврдејќи дека муслиманите би го измениле карактерот на нивните општества, Двете држави му се спротиставуваат на Брисел, кој се обидува да го наметне системот на квотите.
Италија ги критикуваше источните држави, и се закани дека ќе го блокира натамошното работење на европскиот буџет која на овие држави вообичаено им дава милијарди евра за средства за развој за да ги стасаат западните членки./крај/мф/сн