Советникот на Трамп во Москва навестува признавање на Крим за руска територија

Советникот на изборниот штаб на новоизбраниот американски претседател ДоналдТрамп, Картер Пејџ, во интервјуто за агенцијата РИА во текот на неговиот престој во руската престолнина Москва, го опишува како „катастрофално“ нивото на „дезинформации“ на кои почивале одлуките на странските актери во врска со настаните во Украина и околу Крим.

Според Картер Пејџ, историјатот на случувањата последните години во Украина во целост и особено во врска со црноморскиот полуостров Крим се едни од најфлагрантните примери на ткн „лажни вести“ во последниот период.

„Уверен сум дека ќе има нови можности за надминување на овие заблуди и погрешниот курс кој е утврден во врска со Украина“, вели Пејџ за РИА Новости одговарајќи на прашањето дали според него новата американска администрација ќе ја реализира политиката на признавање на присоединувањето на Крим и каква улога ќе има украинското прашањево политиката на новиот американски претседател ДоналдТрамп.

Црноморскиот полуостров Крим, на кој живее мнозинско етнички руско население (58 отсто, покрај 16 отсто Украинци и 12 отсто кримски Татари), откако со февруарските протести во Киев беше соборен претседателот Виктор Јанукович, на 16-ти февруари 2014 година со референдум и огромно мнозинство изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година со осамостојувањето на Украина и присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за руска анексија на украинска територија.

Портпаролот на рускиот претседател, ДмитријПесков, коментирајќи ја изјавата на Пејџ во врска со Крим, истакна дека Кремљ ги оценува само изјавите кои доаѓаат од актуелната американска администрација.

Трамп, уште во период кога беше само кандидат за претседателска номинација, изјави дека доколку биде избран ќе го разгледа прашањето за признавање на статусот на Крим како руски. Републичките власти на Крим сега изразуваат уверување дека избраниот американски претседател нема да се откаже до својата изјава.

Пејџ во интервјуто се осврнува и на целта на неговата посета на Москва. Според него, можноста за соработка со рускиот приватен сектор во скоро време ќе биде поволна, и оти тој работи на редица потенцијални проекти во таа сфера/

Зборувајќи за неодамнешната ненадејна приватизација на дел од државниот удел во рускиот нафтен гигант „Роснефт“, коа беше постигната рекордната цена на акцијата на компанијата и поставен нов рекорд според пазарната капитализација. Според него, тоа покажува дека санкциите на Западот против Русија наметната поради нејзината наводна улога во украинската криза не им наштетиле на руските компании, туку повеќе на западниот бизнис.

„Американските, како и европските компании се многу заинтересирани за враќање на рускиот пазар. Нивниот интерес опфаќа широк спектар на сектори“, додава Пејџ.

Пејџ во четвртокот допатува во Москва на средби со тамошни претприемачи и политичари, а истакна дека во руската престолнина ќе остане до 13-ти декември.