Девојчиња извршиле самоубиствен напад во Нигерија, најмалку 30 загинати

Нигериската војска соопшти дека во петок во градот Магадали, во североисточниот дел на земјата, две девојчиња на школска возраст извршиле самоубиствен бомбашки напад, при што убиле 30 и раниле 57 лица.

Локалниот армиски портпарол рече дека податоците за жртвите се добиени од луѓето од терен.

Се наведува дека нападот е извршен според сите обележја карактеристични за исламистичката група Боко Харам.