Католичките верници кои сакаат да ги исповедаат своите гревови, од четвртокот во некои шпански градови тоа може да го остварат со помош на нова апликација којашто ќе им помогне да го остварат најблискиот свештеник.
Апликацијата „Исповедник ГО“ ја детектира локацијата на корисникот и на екранот му го прикажува местото на коешто се наоѓа нему најблискиот свештеник кој е подготвен да го исповеда, како и најкусиот пат до него.
Апликацијата нуди информации за свештеникот кој е во моментот слободен, неговото име, датумот на раѓањето и годината во којашто е стапен во служба и Десетте Божји заповеди.
„Свештеникот може да се наоѓа на исповед во некоја црква или некаде во градот, се наведува во описот на апликацијата којашто стана активна во четвртокот на 8-ми декември на националниот празник во Шпанија, празникот на Безгрешното зачнување.
Бета верзијата на апликацијата е „симната“ неколку илјади пати од крајот на септември, откако им беше на располагање на корисниците.
Бискупот на Сан Себастијан, Хозе Ингасио Муниља е еден од околу стотината свештеници од цела Шпанија која досега преку споменатата апликација одговорил на закажување на исповед на новиот начин.
Отецот Рикардо Латоре кој осмислил апликацијата, вели дека се надева оти услугата на почетокот од идната година ќе биде достапна и во другите земји од шпанското говорно подрачје на Латинска Америка.
Иако католицизмот е длабоко вкоренет во шпанската култура, посетувањата на литургиите во црквите во Шпанија, како и во другите европски католички земји, е во постојан пад. Според анкетата којашто ја направил шпанскиот Центар за социолошки истражувања (CIS), повеќето Шпанци, односно околу 59,3 отсто, велат дека „речиси никогаш“ не одат на литургија.