Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петокот изјавил дека НАТО се обидува „да ја вовлече“ Црна Гора во Алијансата пред американскиот претседател Барак Обама да ја напушти Белата куќа, пренесуваат светските агенции.
„Се прават огромни напори за Црна Гора да се вовлече во НАТО, а никој не го прашува народот на таа земја дали го сака тоа, сепак не би штетело доколку има консултации по тоа прашање“, рекол Лавров.
Говорејќи на министерскиот совет на ОБСЕ во Хамбург, Лавров изјавил дека „изгледа оти целта е Црна Гора да стане членка пред истекувањето на мандатот на Обама во јануари“, пренесува руската агенција Тас.
Рускиот министер рекол дека НАТО ја поместува својата инфраструктура кон границите со Русија. „За првпат по многу години САД поставува тешко воено наоружување во балтичките држави“, рекол Лавров, додавајќи дека „НАТО продолжува да повторува дека нема да прими нови членки“.
Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот на американскиот Конгрес во вторникот ја поддржа резолуцијата за ратификација на протоколот за пристапувањето на Црна Гора во Алијансата.