Никој не сака да настапи на инаугурацијата ан Трамп

Иако победи на претседателските избори во САД на Доналд Трамп очигледно му недостигаат поддржувачи од музичкиот свет, бидејќи републиканците сеуште не можат да најдат музичка ѕвезда која ќе настапи на инугурацијата 20 јануари.

Ова е целосно спротивна ситуација од онаа кога Барак Обама беше избран прв пат за претседател на САД, кога успеа да ја ангажира Арета Френклин, додека на неговата втора инаугурација настапи Бијонсе.

Ова е уште една потврда дека Трамп не е толку популарен кај славните музичари.

Луѓето од транзицискиот тим на Трамп пред неколку дена рекоа дека на церемонијата ќе настапи Елтон Џон, но се чини дека никој не го прашал и не разговарал со славниот пејач во врска со тоа, пишуваат американските медиуми.

Покрај тоа, Metro го постави прашањето дали избраниот претседател наеднаш го промени ставот и стана заговорник на LGBT правата.

Претставниците на Елтон Џон набрзо демантираа дека тој ќе настапи. „Неточно. Нема да настапи,“ порачале од тимот на славниот музичар.

Се чини дека музичките проблеми на Трамп породолжуваат имајќи предвид дека и славните Ролингстонси се исклучија од листата кандидати, што многу го вознемири Трамп бидејќи и нивни фан. Во текот на неговиот победнички говор во позадината се слушаше нивната “You Can’t Always Get What You Want”  (Не може секогаш да добиеш тоа што сакаш).

Можеби песната е напишана во 60-тите, во периодот на љубов и дрога но Трамп ја користеше да испрати порака на сите кои гласаа против него индиректно порачувајќи им на Американците дека сега немаат избор.

Набрзо уследи саркастичен твит на Мик Џегер: „Само што гледав вести…можеби ке побараат од мене да пејам „Не можеш секогаш да добиеш она што сакаш на инаугурација, Ха!“

Трамп исто така се замери и со застапникот на правата на Џорџ Харисон кога на конвенција во предизборната кампања ја искористи песната на Битлси  “Here Comes the Sun” додека влегуваше неговата ќерка Иванка.

Ова ги испровоцира застапниците на правата на Џорџ Харисон и тие порачаа: Неовластеното користење на „Here Comes the Sun“ е навредливо и е против желбата на застапничките права на Џорџ Харисон.