Спречен шверц на марихуана на Деве Баир

Косовец во средата вечер се обидел да прошверцува марихуана преку ГП-Деве Баир, на македонско-бугарската граница.

Цариниците при преглед на возило „Цитроен Берлинго“ со бугарска национална ознака, управувано од З.Ј.(53) од Приштина, Р. Косово, пронашле 20 пластифицирани кеси со тежина од околу четири килограми исполнети со зелена тревкаста материја.