Земјотрес со магнитуда од 6.1 степени по Рихтер го погоди во четврток наутро западниот кинески регион Ксинџијанг, јавуваат агенциите.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е со јачина од 6 степени по Рихтер и засега нема информации за евентуални жртви или материјални штети.
Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан.