Директорот на ЦИА во ненадејна посета на Тирана

Директорот на ЦИА Џон Бренан во Тирана имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот претседател Бујар Нишани.

Претседателот на Албанија Нишани во интервју за телевизијата „Ора Њуз“  изјави дека на средбата било разговарано околу безбедносната состојба во Албанија и регионот.

„Албанија игра значајна улога и за безбедноста во регионот и придонесува  за стабилноста“, изјави Нишани во врска средбата со Бренан.

Според Нишани било разговарано за опасностите од тероризмот, бидејќи има повратници борци од Сирија кои се жители на регионот.