Обвинителите во процесот против Ратко Младиќ пред Хашкиот трибунал, во среда побараа да му се изрече казна доживотен затвор, заради геноцид и други злосторства над Бошњаците и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
Застапниците на обвинението тврдеа, во завршните зборови, дека ја докажале вината на командантот на Воојската на Република Српска, Ратко Младиќ (74) за геноцид во Сребреница, прогон на Бошњаците ширум БиХ, тероризирање на жителите на Сараево со долготрајно гранатирање и пукање на снајперисти и земање во заложнисштво припадници на УНПРОФОР, јави Радио Слободна Европа.