Европската полиција Europol ќе покрене истрага за потунувањето на бродот полн со мигранти во 2016 година, откако случајот беше предмент на истрага на агенцијата на Reuters и британскиот сервис BBC.
Повеќе од 500 луѓе загинаа во потонувањето на бродот на 9. април 2016, но официјална истрага никогаш не била покрената. Истражувањето на Reuters и BBC Newsright, утврдило дека бродот испловил од Египет, а не од Либија, како што изјавија од УНХЦР во тоа време.
Шефот на Europol, Роб Вајнрајт, рече дека случајот е „непријатен“.
Тој ја поздрави истрагaта на Reuters и BBC Newsright и вети дека повторно ќе се навратат на случајот со оглед на фактот „дека има отсуство на јасни одговори“.