Иако австралиската пејачка Кајли Миног уште во февруари ја објави веридбата со актерот Џошуа Сас, таа не сака да се омажи се додека не се легализираат хомосексуалните бракови во родната Австралија.
Имено, нејзиниот вереник се вклучи во кампања за легализација на хомосексуални бракови во Австралија, потег кој пејачката го поддржува со цело срце.
„Кајли го поддржува Џош во се, но ѝ е жал што, изгледа дека нема да се омажи пред 50-ти роденден. Тоа ја прави многу тажна бидејќи сака да му стане сопруга на Џош ,“ велат пријателите на двојката и додаваат дека Кајли веќе размислува за деца и за сурогат мајчинство.