САД ја известија руската страна дека не можат да ги започнат консултациите за состојбата во северниот сириски град Алепо во средата, како што беше планирано, и го повлекле своите предлози за решавање на тамошната ситуацијата за повлекување на бунтовничките сили кои ги поддржува Западот кои во овој град се во сојуз со екстремните исламистички групи, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работ Серге Лавров.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери му ги предал предлозите на Вашингтон за решавање на ситуацијата во Алепо кои се во согласност со начините коишто ги промовираше Москва, Потоа двете страни се договориле за ги започнат преговорите на 7-ми декември во швајцарска Женева.
„Минатата ноќ добивме информација дека тие (Американците), за жал, нема да можат да ја остварат средбата закажана за утре, дека се премислиле, го повлекуваат документот, и сега тие изработуваат нов предлог кој работите ги враќаат на почетокот се враќа на првиот“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.
Рускиот дипломат оцени дека новата американска иницијатива е всушност „обида да се купи време, со цел милитантите да земат здив и да се прегрупираат и да ги обновата своите резерви“ со луѓе и муниција.
Лавров настаните околу договорот за почеток на консултациите во Женева ги нарече „детективски“. „Ќе дознаеме што е во прашање“, рече шефот на руската дипломатија.
Сергеј Лавров појасни дека предлозите на Џон Кери се однесувале на конкретните правци и на прецизни рокови до коишто бунтовниците треба да се повлечат од Алепо. Шефот на руската дипломатија изјави, исто така, дека бунтовниците, кои ги поддржува Западот, коишто одбиваат да ги напуштат малкуте преостанати под нивна контрола источни квартови, ќе бидат изедначени со исламистичките борци кои официјален Дамаск и неговиот сојузник Москва ги означуваат како терористи.