Рускиот претседател Владимир Путин ја одобрил новата доктрина за безбедност на информациите, објави Russia Today (RT)
Потребата за нова верзија на доктрината за безбедност на информациите е резултат на интензивирани напори на странски држави кои со информатички и психолошки операции се обидуваат да влијаат на внатрешните работи на Русија, нивната пристрасност против Русија, и сајбер-напади врз нејзината клучна инфраструктура, се вели во документот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.
Доктрината наведува дека неограничениот проток на информации има негативно влијание врз меѓународната безбедност бидејќи може да се користи за извршување геополитички и воени цели, и на тој начин да се фаворизира организиран криминал, екстремисти и терористи, пренесува телевизијата RT.
Еден од главните аспекти кои влијаат на безбедноста на информациите е зголемување на “капацитетите на голем број земји кои сакаат да влијааат на информатичката инфраструктура за воени цели“.
Имено, разузнавачките агенции на одредени земји лансираат информации и психолошки операции за да дестабилизираат општества во различни региони, со што се поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на други држави. Овие операции, заедно со широката употреба на информатички технологии, може да вклучат организации базирани на етничка припадност како и групи за човекови права.
И така, терористичките и екстремистичките групи ги користат психолошките операции за поттикнување етнички и верски раздор, за интензивирање на тензии во општествата, пропагирање екстремни ставови, и регрутирање нови следбеници., се наведува во документот.