Шпанската полиција соопшти дека запленила повеќе од 2,5 тони кокаин на марокански рибарски брод и дека уапсила 24 лица.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија, во соопштението се наведува дека ова била прва заедничка акција во морските води на полициите на Мароко и Шпанија.
Дрогата пристигнала во Мароко од Јужна Америка и се наоѓала на брод кој се наоѓал на околу 100 километри од брегот на западниот дел на Сахара.
Меѓу уапсените има државјани на Шпанија, Колумбија и Мароко.
Шпанија е една од земјите преку кои во Европа влегува хашиш од Мароко и кокаин од Латинска Америка.