Полицаец бил застрелан во главата, во полициска станица во Копенхаген, Данска, во вторник наутро, јавија данските медиуми.
Полицаецот бил застрелан во полициската станица Вестен, во западниот дел на на главниот град на Данска, во населбата Албертслунд, во вторник наутро, потврди полицијата.
Пукањето се случило во 8.20 часот, но од полицијата не ја соопштуваат состојбата на нинвниот колега.
Според медиумите, жртва е полицаец, но до 10.30 часот полицијата ја немаше официјално потврдено веста.
Телевизиските мрежи DR и TV2 известија дека полицаецот е застрелан во главата, но не е позната неговата здравствена состојба.
Во полициската станица, каде се случил инцидентот, има зголемено присуство на полицајци, а затворен е приодот до неа