Полициски инспектори, биле нападнати во Струмица од поголема група луѓе, кога се обидувале да уапсат опсомничено лице.
Во понеделникот, околу 18 часот на ул. „Бетовенова“ при приведување на лице, инспектори биле физички нападнати од страна на поголема група на граѓани. При одбивање на нападот инспекторите испукале неколку куршуми заради заплашување.
Лицето И.Б. (21) од Стрмуца не е приведено, а од физичкиот напад две овластени службени лица се здобиле со повреди. Истите биле однесени во Медицински центар Струмица, каде им се констатирани телесни повреди.
Група од околу 200 граѓани се собрале пред Црквата „15 Светители“, го нарушувале јавниот ред и мир и одбивале да го предадат лицето. Околу 19.40 часот масата се растурила.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.