Подигнат обвинителен акт против педофилот што блудничеше врз дете кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против лицето што блудничеше врз малолетно девојче кај Млечниот ресторан.

Настанот се случи на 22 јули годинава кај комплексот на згради кај Млечниот ресторан во Скопје. Обвинетиот извршил друго полово дејствие врз дете што не наполнило 14 години.

Поради постоење на опасност од бегство и повторување на делото, Основното јавно обвинителство – Скопје со Обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор.