Апелациониот суд во Атина во понеделникот одлучи да не бидат предадени на властите во Анкара тројцата турски офицери кои на ноќта кон 16-ти јули со хеликоптер пребегнаа во Грција по неуспешниот обид за воен преврат во соседна Турција.
Грчките судии сметаат дека животите на турските воени лица ќе бидат доведени под голема закана доколку бидат екстрадирани, пишува изданието naftemporiki.gr. Истото мислење го делел и јавниот обвинител,
Во вторник ќе биде разгледуван случајот на уште пет турски воени лица.
Осумте турски офицери тврдат дека тие не учествувале во обидот за државен удар од страна на една фракција во турската армија. Тие стравуваат дека доколку бидат предадени на Анката, којашто повеќепати се обрати до Атина со такво барање, ќе бидат жестоко казнети.
Грчките власти кон средината на октомври го одбија барањата за азил на шест турски воени лица коишто по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули од Турција со хеликоптер пребегнаа во соседна Грција, откако претходно во септември беше одбиено барањето за азил на еден офицер.
Хеликоптерот на турските вооружени сили со осум припадници на војската ноќта кон 16-ти јули се спушти во Грција, при што тие изјавија дека не биле вклучени во обидот за државен удар, но дека во татковината ги очекува смрт.
Комисијата за одобрување азил во Атина досега го одби седум од осумте барања за азил на припадниците на турската армија кои ден по неуспешниот пуч од фракција на војската да ја собори владата, дојдоа во соседната земја. Станува збор за два мајора, четири капетани и двајца подофицери кои со воен хеликоптер слетаа во грчкото пристаниште Александрополис во близина на турската граница.
Вкупно беа одбиени седум од осумте барање за азил на турските воени лица на основа дека учествувале во обидот за преврат
По одлуката на грчката комисија, пребеганите офицери соопштија дека се жртви на „билатералната политика“ и дека комисијата при разгледувањето на нивните барања не ги земала предвид меѓународното и европското право, туку исклучиво се поведувала од билатералната политика.
Адвокатката Ставрула Томара претходно изјави оти смета дека не постојат правни основи нејзините клиенти да бидат обвинети со сериозни обвинувања, како што се тероризам и учество во обид за убиство на турскиот претседател и стравува дека тоа не е случајно. Додаде дека ќе ги преземе сите мерки за на турските офицери да им биде доделен политички азил.