Новите студии кои презентирани на Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Бостон открија потенцијален метод за превенција на ХИВ кај младите жени. Овие две студии ја истражуваат ефикасноста на месечниот вагинален прстен кој содржи антиретровирусен лек наречен „dapivirine“.
Стандардниот вагинален прстен, како што е „NuvaRing“, е една форма на хормонска контрацепција, каде што жените треба да постават еден малечок прстен во вагината еднаш месечно за три недели.
Но, со овој нов вагинален прстен, развиен од страна на непрофитното Меѓународно партнерство за микробрациди, хормонот се заменува со антиретровирусен лек. Тој работи на тој начин што ја блокира способноста на ХИВ вурусот да се реплицира во внатрешноста на здравите клетки.
Д-р Шарон Л. Хилиер од Унивезитетот во Питсбург изјавил дека овој вагинален прстен кој го пренесува лекот директно на местото на инфекција, е лесен за употреба.
Прстенот може да обезбеди повеќе можности за жените да го намалат сопствениот ризик за ХИВ. На исражувањето беа земени поголем дел од жени кои биле млади, немажени и со многу висок за ХИВ, од Суб-Сахарните земји во Африка.
Жените во секоја студија биле поделени на две групи: оние што користат „dapivirine“ прстен и други што користат плацебо прстен. Од 1300 жени вклучени во студијата, 77 се здобиле со ХИВ групата на „dapivirine“ во споредба со 650 од групата на плацебо.
Слично на тоа, и во втората студија, од 1.307 жени 71 жена која користела прстен со „dapivirine“ се здибила со ХИВ, додека пак 97 кои користеле плацебо.
Генерално, првата студија покажала дека прстенот со „dapivirine“ помагал да се намали ризикот на ХИВ за 31 процент и за 27 проценти кај жените на возраст од 21 година и постари, додека пак втората студија покажал дека прстенот го намалил ризикот за 61 отсто, кај жените постари од 25 години и 56 проценти кај жените постари од 21, во споредба со плацебо групата.
Истражувачите сметаат дека првие разлики во процентот се должат на фактот дека жените постари од 21 година подоследно го користеле прстенот.
И во двете студии не била забележана никаква заштита кај жените на возраст од 18 до 21 година, и во овие земји во Африка незаштитениот хетеросексуален секс е примарен двигател на епидиемијата.