Реал Мадрид остана непоразен во дербито со Барселона, што и беше главната цел на Зидан и неговите фудбалери пред Ел Класико. Серхио Рамос го постигна голот за 1:1 во 90. минута.
Реал на Зидан со нерешениот резултат во Барселона го израмни рекордот на Реал со Мурињо од 17 натпревари без пораз на гостувањата во Примера.
Инаку, Реал е во серија од 33 натпревари без пораз во сите конкуренции, последен пат играчите на Зидан загубиле во април кај Волфсбург во Лигата на шампионите.
Оваа серија од 33 мечеви без пораз е втора најдолга во клупската историја, а трета во шпанскиот фудбал.