Американскиот кантри музичар и композитор Лук Брајан удрил еден од посетителите на неговиот концерт во Нешвил, пишува порталот Conservative Outfitters.
Инцидентот се одиграл на гала концертот на музичарот Чарли Даниелс, на кој учествувале и други ѕвезди на американската кантри сцена, вклучително и Лук Брајан.
Според официјалната изјава на портпаролот на музичарот, мажот во салата во текот на настапот на Брајан му покажал „груб гест“.
„Тоа не го навредило само него (Брајан), туку, што е уште поважно, мажите, жените и родителите со деца кои седеа во близината. Тие дојдоа на концертот да го поддржат Чарли Даниелс и неговата иницијатива за собирање пари за воените ветерани, од кои многумина беа присутни во салата“, се наведува во соопштението на Брајан.
Магазинот Forbes го смести Брајан на третото место на листата на најплатените канти музичари во САД. Според процената на списанието, овој жител на сојузната држава на Џорџија во 2016 година заработил околу 53 милиони долари.