Кина инспирирана од фасцинантната приказна за прекуокеанскиот брод „Титаник“, започна да гради реплика на потонатиот брод, прва од таков вид во реална големина.
Бродот кој ќе биде долг 300 метри се гради во бродоградилиштето Вучанг. Според планот тој би требало да биде изграден до крајот на 2018 година и ќе остане трајно закотовен како туристичка атракција во провинцијата Сичуан.
Управата на Вучанг соопштија дека бродот кој ќе биде изграден, ќе поседува салон за вечера, театар, кабина во луксузна прва класа и базен.
Но овој брод нема да може да отплови од вештачкото езеро во бродското село, каде што ќе биде закотвен, иако посетителите ќе имаат можност да ручаат или да преноќат во него.