Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции за Северна Кореја, организираше артилериска вежба со гаѓање замислени цели, а меѓу нив се најде и главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Воената вежба во која цели биле пет острови и „тела на реакционарните власти“ во Сеул и други градови, спроведена е во очи на објавувањето еднострани санкции на Јужна Кореја усмерени против нуклеарната програма на Пјонгјанг.
„Ако избие војна, вакви смртоносни удари би им биле нанеле на јужнокорејските сили со тоа што на самиот почеток би се скршила нивната подговеност за противудар и би биле целосно збришани“ тврди агенцијата KCNA цитирајќи изјава на лидерот Ким.
„Никој и ништо нема да преживее“, рекол Ким во текот на вежбата во четвртокот.
Јужна Кореја воведе нови еднострани санкции за Северна Кореја, забрани влез во земјата на сите странски експерти за ракети и нуклерани оружја ако процени дека нивната посета во Сверна Кореја претставува закана за националите интереси на Сеул.
По Јужна Кореја и Јапонија воведе еднострани санкции за Северна Кореја.
Токио го критикуваше Пјонгјанг за лансирањето ракети оценувајќи дека тоа е „нова закана која не смее да се дозволи,“ пренесува AP.