Европската агенција за околината (EEA), објави дека поради големото загадување на воздухот, во Европа, годишно умираат околу половина милион лица.
ЕЕА наведува дека годишно како последица од загадувањето на воздухот годишно умираат 467.000 лица, истакнувајќи дека повеѓе луѓе од респираторни болести заболуваат во Бугарија, Чешка и Полска, земји кои користат повеќе јаглен во производството на електрична енергија.
Агенцијата наведува дека периодот меѓу 2000 и 2014 година, во пад е вредоста на честичките ПМ10, како и на ПМ 2,5.
Во 2013 година во земјите на ЕУ честичките ПM 2,5 довеле до смрт на околу 430.000 лица и тоа најчесто поради срцеви проблеми, астма и рак на белите дробови.