Според најновите податоци на Eurostat стапката на невработеност во Еврозоната рапидно се намалува и за прв пат по пет години нивото е под 10 отсто.
Најновите податоци на Eurostat за октомври покажуваат дека европската економија е на пат за опоравување и стабилизирање.
Сепак, ако овие податоци се споредат со податоците од пред Европската економска криза треба да се вложи уште поголем напор да се достигне вистинскиот рекорд на стапката на невработеност од 7,2 отсто.