Силен земјотрес го погоди Перу

Земјотрес со магнитуда од 6,3 по Рихтеровата скала го погоди во четвртокот по локално време југот на Перу, соопшти американскиот геофизички институт USGS.

Според првичните процени на американската служба, епицентарот бил на длабочина од 53 километри во покраината Лампа, во регионот Пуно.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC/CSEM), пак, објави дека магнитудата на земјотресот е 6,2 во 18,40часот по локално време во четвртокот со епицентар на длабочина од 40 километри, 36 километри од гратчето Лампа со пет илјади жители, и на 88 километри од градот Пуно, кој има 117.000 население..

Засега нема информации за предизвикани штети или настрадани меѓу локалното население.