Бугарски автобус усмрти пешак на патот Крива Паланка-Куманово

Автобус со бугарски регистерски ознаки во четвртокот вечер удрил во пешак и го усмртил на магистралата Крива Паланка-Куманово.

Како што соопшти полицијата, прегазен бил пешакот со иницијали М.Г. (1963) од кривопаланечкото село Гиновци.

Возачот е задржан во полициска станица и се чека дали ќе му биде одреден притвор.

Телото на загинатиот е предадено на обдукција.