Откупот на тутун тече без проблеми. За две недели колку што трае предавањето на новата реколта од страна на откупните организации биле преземени околу 3 милиони килограми суров тутун со просечна цена од 190 денари за килограм.
Од Државниот земјоделски инспекторат велат дека со стартот на откупот на терен се и нивните инспектори, досега немаат добиено никакви поплаки и забелешки.
Според првичните проценки годинава се очекува да бидат продадени околу 20.000 тони суров тутун. Во моментов откуп вршат шест од вкупно десетте компании кои се во регистарот на Министерството за земјоделие.
Откупот се врши на 138 ваги во сите делови од државата.