Шпанската полиција соопшти дека уапсила 34 лица, од кои шестмина биле тенисери, кои се сомничат дека учествувале во местење на натпревари.
Според полицијата уапсените со местеле мечеви на фјучрс и челинџер турнири кои се играле во Шпанија и Португалија и на тој начин заработиле повеќе од 500.000 евра.
Полицијата пронашла докази за обид на местење на 17 мечеви во пет градови меѓу кои се Мадрид, Порто и Севилја. Базата на групата била во Севилја и Ла Коруња, а сите уапсени се шпански државјани.
Мечевите биле местени во последните неколку месеци.
Имињата на уапсените тенисери не се објавени, единствено е соопштено дека тие се наоѓаат помеѓу 800-то и 1000-то место на АТП листата.