Татко во неколку наврати изминатите месеци извршил обљуба врз својата 12 годишна ќерка во семејната куќа во Кавадарци.
Во средата во кавадаречката полиција Џ.А. (38) од Кавадарци пријавила дека во изминатите неколку месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година околу 21.00 часот, нејзиниот сопруг М.А. во нивната семејна куќа во Кавадарци, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.